Повторно активен вулканот Попокатепетл во Мексико

65

Мексиканскиот вулкан Попокатепетл повторно е активен и денеска исфрлаше чад во височина од 3.000 метри.

Локалните власти ги предупредија жителите за зголемената активност на вулканот, кој исфрлаше огнени топки од кратерот, пренесува британскиот весник „Експрес“.

Никој не беше повреден, но властите објавија дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата, а според соопштението, околу 25 милиони луѓе живеат во радиус од 60 километри од вулканот.

Граѓаните се предупредени да не се приближуваат на повеќе од 12 километри од вулканот поради можни ерупции, а властите развија посебен план за евакуација во итни случаи.

Попокатепетл е втор по големина врв во Мексико, а Мексиканците го нарекуваат Ел Попо, што значи планини која се чади на јазикот на Ацтеките.

Во Мексико има повеќе од 3.000 вулкани, од кои 14 се активни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...