Повреден рудар во рудникот „Саса“

86

Повреден е 55-годишен рудар во рудникот за олово и цинк  „Саса“ од Македонска Каменица.

Портапролот на СВР Штип Гордана Панајотова го  потврди настанот и вели дека несреќата се случила во 6.30 часот во рударска јама, при што рударот бил притиснат на градниот кош од рударска машина.

Веднаш на самото место е пристигната Итната медицинска помош од Македонска Каменица, по што рударот е хоспитализиран прво во Кочанската болница, а потоа во Штипската клиничка болница. Се уште траат прегледите на рударот по што ќе се утврди тежината на неговите повреди.

За настанот известен е јавен обвинител од Делчево и државен трудов инспектор кои треба да извршат увид на местото на настанот во рудникот „Саса“ во Македонска Каменица. Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...