Повредени 18 деца во Волкмарсен, автомобил влета во карневалска поворка

Полицијата претпоставува дека станува збор за напад, но засега нема индиции дека нападот бил политички мотивиран. Уапсен е 29-годишниот возач на автомобилот . Станува збор за германски државјанин од Волкмарсен кој од порано бил познат по навредувања, неовластено влегување на туѓи имоти и изнуда.

293

Според најновите информации од полицијата во германскиот град Волкмарсен, меѓу 52-та повредени во вчерашниот инцидент кога автомобил влета во луѓето кои учествуваа во карневалска поворка, дури 18 се деца, јавија германските медиуми.

Портпаролот на полицијата изјави дека некои од настраданите лица имаат здобиено повреди опасни по животот.

Полицијата претпоставува дека станува збор за напад, но засега нема индиции дека нападот бил политички мотивиран. Уапсен е 29-годишниот возач на автомобилот . Станува збор за германски државјанин од Волкмарсен кој од порано бил познат по навредувања, неовластено влегување на туѓи имоти и изнуда.

Канцеларијата на Главниот државен обвинител во Франкфурт ја презеде истрагата која се води како обид за убиства.

Вчера попладне беше приведено уште едно лице кое наводно го снимило овој убиствен поход. Засега не е познато дали ова лице е осомничено или е сведок.

Сведоци за германскиот весник „Болд“ изјавија дека не местото на инцидентот имало бесни луѓе кои сакале да го фатат напаѓачот, како и дека полицијата успеала да го заштити. Според сведоците, пред нападот тој намерно ја зголемил брзината на движење на „Мерцедесот“ и удрил во толпата луѓе.

Телевизијата РТЛ цитира една соседка на која возачот и изгледал „како да е под дејство на дроги“. Наводно, минувајќи крај неа, тој кажал „наскоро ќе ме има во весниците“.

ДПА пренесува изјави од сведоците кои зборуваат за тоа дека возачот на „Мерцедесот“ минувал преку лицата кои лежеле на земја.

– Насекаде по улицата лежеа деца, изјави еден сведок на настанот, јави ДПА.

Во деловите од Германија со доминантно католиичко население вчера се славеа Поклади, денот што го означува врвот на карневалската сезона што се изведува со карневалски поворки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...