Шефот на полицијата на Хјустон Арт Асеведо синоќа објави дека пет полицајци се повредени во престрелка која се случила во југоисточниот дел на градот, а осомничениот е убиен.
Местото на престрелката се наоѓало во станбена населба, во близина на локалното средно училиште „Милби“.
Некои од улиците во областа се затворени и на граѓаните им e препорачано да го избегнуваат подрачјето.