Повеќе од 30 лица биле повредени за време на турбуленции за време на лет од Истанбул до Њујорк. Авионот превезувал 326 патници и 21 член на екипажот.
Компанијата „Туркиш ерлајнс” летала кон ЈФК, а пилотот прогласил вонредна состојба поради невреме.
Според медицинските лица состојбата на повредените не е сериозна.
И Карго авион кој летал на Флорида од Канада бил принуден да изврши принудно слетување, поради неповолни временски услови.