Повратот на персоналецот за земјоделците почнува од утре

Услов за добивање на парите е нивната основна дејност да биде земјоделството и покрај остварениот приход од продажба на примарни производи во износ од 1 милион денари, да немаат остварено други приходи, информира Димковски.

62

Исплатата на повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците почнува од утре. Исплатата ќе се врши неколкукратно, до крајот на годинава, на трансакциските сметки на земјоделците. Земјодлеците, пак , кои ги исполнуваат условите за поврат на персоналецот, а имаат измени во податоците на трансакциските сметки ќе треба да ги информираат надлежните за промените, за дам оже да им се исплати повратот.

Ова го соопштија на прес-конференција министерот за земјоделство Трајан Димовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Според податоците на УЈП и Министерството за земјодлество вкупно 17.000 земјоделци  гои исполнуваат критериумите за поврат на персоналецот. Нив треба да им се вратат вкупно 80 милиони денари, односно најмногу 20.000 денари по земјоделец.

– Услов за добивање на парите е нивната основна дејност да биде земјоделството и покрај остварениот приход од продажба на примарни производи во износ од 1 милион денари, да немаат остварено други приходи – информира Димковски.

Лукаревска апелираше земјодлеците кои имаат промени во трансакциските сметки да ги пријават променита за да може да се исплати повратот.

-За земјоделците на кои им следува поврат, а за кои Министерството и УЈП не располагаат со точен податок за трансакциска сметка, УЈП ќе направи напор да ги обезбеди по службен пат и директно во контакт со лицата. Затоа, ако некои од земјоделците во текот на годината имаат некакви промени, апелираме да ја известат Управата за јавни приходи, со цел ефикасна и точна исплата на повратот – рече Лукаревска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...