Повици во Турција за бојкот на американски производи

170

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Турција ќе ги бојкотира електронските уреди произведени во САД, како реакција на влошените односи меѓу Анкара и Вашингтон.

– САД економски не напаѓаат не само нас, туку и Кина, Русија, Иран и Европа. Ја нападнаа дури и Канада. Но, против нас е преземена операција. Ќе ја бојкотираме американската електроника. Тие го имаат „Ајфон“, но постои и „Самсунг“ – нагласи Ердоган.

Во исто време и турскиот национален авиопревозник „Туркиш Ерлајнс“ започна кампања за бојкот на американски реклами и фирми.

Портапролот на „Туркиш Ерлајнс“, Јахја Устун на Твитер објави хаштаг  #ABDyeReklamVerme (НеГиРекламирајтеСАД), апелирајќи и до останатите турски комапнии да се приклучат кон бојкотот.

– „Туркиш Ерлајнс“ ги поддржува нашиот народ и држава, Таква наредба им е дадена на нашите рекламни агенции – додаде Устун најавувајќи го бојкотот.

Повик за бојкотот на американски производи вчера упати и најголемата турска телекоминикациска компанија „Турк Телеком“.

Односите меѓу Анката и Вашингтон се влошија откако САД двојно ги зголемија царините за увоз на челик и алуминиум од Турција и воведоа санкции кон двајца турски министри, како реакција на приведувањето на американскиот пастор Ендрју Бронсон од страна на турските власти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...