Повисоките плати во индустријата го кренаа државниот просек на плата за 3,6 отсто

Зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „рударство и вадење на камен“ за 14,5 отсто, „преработувачка индустрија“ за 10,7 отсто и „информации и комуникации“ за 10,5 отсто.

144

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23.158 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи зголемување од 3,6 отсто во однос на февруари лани.

Зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „рударство и вадење на камен“ за 14,5 отсто, „преработувачка индустрија“ за 10,7 отсто и „информации и комуникации“ за 10,5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „уметност, забава и рекреација“ за 26,4 отсто, „транспорт и складирање“ за 11,7 отсто и „рударство и вадење на камен“ за 9,9 проценти.

Просечна месечна бруто-плата по вработен во февруари 2018 година изнесува 33.994 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...