Повик за учество со детски ликовни творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“

103
ФОТО: Архива

Детскиот ликовен центар и Федерацијата на училишен спорт на Македонија во рамки на проектот „Фер шанса за младите во спортот“ објавија повик за учество со детски ликовни творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“.

– Спортот е активност која треба да ги зближува младите, да развива нови пријателства, да ги учи како да се радуваат на победа, а како да се справуваат со порази, се вели меѓу другото во повикот и се посочува дека на спортските настани повремено се случуваат насилства помеѓу младите спортисти, но и меѓу навивачите кои се инспирирани од спортски, но и од национални, верски и други причини.

Таквите настани, се подвлекува, од спортските терени потоа може да се пренесат на улица, во училиште. Освен насилство, во спортот меѓу младите се случува и дискриминација предизвикана од различни причини.

Имајќи ги предвид овие појави беше организиран и проектот „Фер шанса за младите во спортот“ со партнерски организации од Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.

Со овој повик се мотивираат учениците на возраст од 10 до 15 години кои ја сакаат ликовната уметност со својата кретивност и вештина преку ликовните дела во различни подрачја, техники и материјали за работа да ги изразат своите ставови за облиците на насилство и дискриминација, но и начините како да се надмнат.

Повикот ќе биде отворен до 28 февруари 2020 година, а изложбата на творбите на учесниците ќе се одржи во текот на април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...