Повеќе превезени патници и стока во првиот квартал годинава

78

Во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани е регистриран зголемен број на превезени патници во патниот патнички превоз за 21.7 проценти, во воздухопловниот за 21.3 проценти, во железничкиот за 29.4 проценти, а во градско-приградскиот превоз е намален за 3,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во однос на четвртото тримесечје од минатата година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е зголемен за 11 проценти, во градско-приградскиот превоз е намален за 5.9 проценти, во железничкиот превоз за седум проценти, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 6.7 проценти.

Во првото тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20 проценти, во железничкиот превоз за 40.6 проценти, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 10.3 проценти.

Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 31.6 проценти, во железничкиот превоз е намалено за 1.4 проценти, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 15.5 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...