Европски суд за човекови права (ЕСЧП) прими 546 тужбени барања кои се однесуваат на привремената мерка затвор на судии во Турција по неуспешниот државен удар во јули 2016 година, објави денеска судот, јавува дописникот на МИА од Франција.
– На различни датуми, 546 жалители, сите судии беа суспендирани од нивните должности (…), бидејќи тие биле членови на организацијата Фето “официјален акроним на една организација што се смета за терористичка од страна на Анкара“, и беа ставен во притвор, а потоа и во привремен затвор, ја објаснува ЕКЧП кој има седиште во Стразбур.
– Жалбите поднесени од жалителите против овие одлуки биле отфрлени. Тие поднесоа индивидуални жалби кои турскиот уставен суд прогласи за недопуштени вели ЕКЧП.
Во меѓувреме, тие беа обвинети за припадност на терористичка организација, кривичните постапки во врскасо тоа се во тек. На 17 мај ЕКЧП ја запозна Анкара со овие 546 предмети, која сега може да достави писмени забелешки. Судот потоа ќе одлучи за нивната допуштеност и, доколку е потребно, ќе донесе одлуки по неколку месеци.
По обидот за државен удар од 15 јули 2016 година, турските власти започна чистки од невиден размер против осомничените поддржувачи на Фетулах Ѓулен, противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и против курдската опозиција и новинарите, затворајќи десетици илјади луѓе.
Во средината на април, ЕСЧП ја осуди Турција да плати 10.000 евра за нематеријална штета на судија на турскиот уставен суд уапсен по државниот удар, под сомневање за припадност на криминална организација. Судот од Стразбур, пресуди дека неговото апсење претставува кршење на правото на слобода и безбедност на Европската конвенција за човекови права.
Од 1 март, околу 3.250 барања се уште с во процедура во ЕСЧП во врска со мерките што се преземени од страна на Анкара по обидот за државен удар, од кои најголем дел се однесуваат на случаи на затворање кои се сметаат за нелегални.