Повеќе од 50 кандидати во трката за претседател на Украина

106
ФОТО: МИА

Повеќе од 50 лица досега пријавиле кандидатура за претседателските избори во Украина и поднеле документација во Централната изборна комисија, соопшти денеска комисијата.

Од 56 пристигнати кандидатури за претседател, Централната изборна комисија одби 12, се вели во соопштението.

Меѓу оние, чии кандидатури се прифатени се актерот Владимир Зеленски, поранешната премиерка Јулија Тимошенко, поранешниот министер за одбрана и лидер на Граѓанската иницијатива Антолиј Гриченко и Јуди Бојко од опозицискиот блок – За живот.

Изборите за претседател на Украина се закажани за 31 март 2019 година.

Во текот на оваа кампања, за претседател се кандидираа рекорден број луѓе. На изборите во 2014 година имаше 23 кандидати, додека во 2010 година 18 кандидати за претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...