Бомбаш-самоубиец се разнесе денеска на пазар во северозападниот дел на Пакистан, при што загинаа 35 лица, а повредени се повеќе од 40, објавија соопштија локалните власти.
Експлозијата во округот Оракзаи ја предизвикал маж, кој со мотоцикл се удрил во голема маса луѓе и детонирал експлозив што го носел на себе. Инцидентот се случил речиси во исто време со нападот врз кинескиот Конзулат во Карачи, во кој загинаа три лица, од кои двајца пакистански полицајци. Одговорност за нападот во Карачи презеде сепаратисткичкото движење Армија за ослободување на Белуџистан.
Се стравува дека смртниот биланс од денешниот самоубиствен напад ќе се зголемува, со оглад на тоа дека голем број од повредените се во тешка здравствена состојба.