Повеќе од 120 новинари се наоѓаат во турските затвори, тоа е и светски рекорд

54

Над 120 новинари се наоѓаат во затворите во Турција, што е светски рекорд, а ситуацијата во медиумите во земјата не е подобрена ниту од минатата гоина кога беше укината вонредната состојба, соопшти денеска Меѓународниот институт за печат, цитиран од британските медиуми.

Турција прогласи вонредна состојба непосредно по спречениот обид за државен удар во 2016 година.
Во двете години од вонредната состојба во Турција од работа беа избркани 150.000 судии, научници, офицери, државни службеници и други граѓани под сомнение за врски со организацијата ФЕТО на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а турските власти го сметаат за инспиратор на превратот.
Во овој период повеќе од 77.000 лица беа затворени во очекување на судски процеси, пренесе БТА.

По обидот за преврат стотици новинари беа изведени пред суд под обвинение за тероризам, посочува Меѓународниот институт за печат во својот извештај, во кој додава дека бројката на новинари кои се уште се наоѓаат во затвор се намалила од над 160 на сегашните 120.

„Зад овие бројки стојат невидени прекршувања на основните човекови права, десетици новинари се во затвор со месеци, па дури и години, во очекување на судски процес, а во многу од случаите без официјално покренато обвинение”, се наведува во извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...