Педесет до шеесет проценти од мајките дојат во првите шест месеци од раѓањето на бебето. Сакаат да дојат 85 до 90 проценти од мајките, но имаат некакви компликации.
Токму затоа во примарната здравствена заштита со мајките треба да ги надминуваме тешкотиите со кои тие се соочуваат за време на доењето, изјави денеска претседателот на поткомитетот за промоција, заштита и поддршка на доењето, д-р Мими Кимовска Христова во пресрет на одбележувањето на Светската недела на доење, што традиционално се одбележува од 1 до 7 август.
Мотото на Светската недела на доењето годинава е: „Да се поддржат родителите за да се овозможи доењето“. Од општествена важност, посочи таа, е да се поддржи иницијативата на родителите за доењето и таа да се одржи понатаму, бидејќи доењето е најздравата и единствена исхрана која треба да ја прима новороденчето до едногодишна возраст покрај додатоците, што понатаму доведува и до здрава адултна популација.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey