Побаран доживотен затвор за турскиот бизнисмен Кавала

204

Судот побара доживотен затвор за турскиот филантроп и бизнисмен Осман Кавала, суден заедно со 15 други обвинети за обид да ја соборат Владата во Анкара.

Кавала, кој е во притвор повеќе од една година, е обвинет за вмешаност  со антивладините протести во 2013 година и за неуспешниот државен удар од летото 2016 година.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини директорот на филијалата на Отворено општество на Џорџ Сорос во Турција, Кавала, за финансирање на протестите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...