Пленковиќ: Еврото ќе биде воведено во Хрватска по заминувањето на следната влада

Еврото е втората најголема и најсилна глобална влаута која ја користат 340 милиони лица во ЕУ, рече премиерот на Хрватска.

157

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека стратешка цел е до крајот на мандатот на следната влада земјата да ги исполни критериумите и да го усвои еврото како официјална валута.

Пленковиќ нагласи дека има бројни економски бенефити од еврото -трајно ќе се отстрани валутниот ризик во економијата и ќе се намали трошокот на задолжувањето на сите домашни сектори, односно граѓаните и фирмите ќе имаат помалку трошоци на финансирањето отколку во случај Хрватска да остане надвор од еврозоната, пренесе синоќа „Вечерњи лист“.

– Со воведувањето на еврото Хрватска трајно ги решава ризиците, трајно ќе го острани трошокот за конверзија, а за економијата, исто така, е важно да се нагласи дека употребата на заедничката валута трајно придонесува за засилување на меѓународната размена и конкурентност, рече Пленковиќ.

Еврото е втората најголема и најсилна глобална влаута која ја користат 340 милиони лица во ЕУ, рече премиерот на Хрватска, пренeсен од Б92.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...