Племе во Амазон заболело од мали сипаници

214

Епидемија на мали сипаници се шири во Бразил, откако заразено лице влегло од Венецуела.

Досега се регистрирани 460 случаи на мали сипаници во подрачјата на Бразил на границата со Венецуела, соопшти Министерството за здравство.

Постои загриженост дека со мали сипаници се заразило и едно изолирано племе кое живее во Амазон и нема развиено имунитет кон оваа болест.

Светската здравствена организација го прогласи целиот американски континент за „слободен“ од мали сипаници, но може да дојде до епидемии во случаи кога некој ќе ја внесе заразата во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...