Платите на наставниците на преговарачка маса, синдикатот и институциите со различни ставови

Видно покачување на платите сме кажале дека ќе има, но од кога и колкав ќе биде процентот тоа зависи од можностите и од разгледување на сите податоци и параметри што ги имаме, изјави министертот за образование Адеми.

111

Министерот за образование и наука Арбер Адеми изјави дека денеска ќе ги продолжат преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

– Со СОНК денеска ќе имаме заедничка средба, преговорите продолжуваат на најдобар, на најконструктивен начин, задоволен сум од досегашната соработка. Видно покачување на платите сме кажале дека ќе има, но од кога и колкав ќе биде процентот тоа зависи од можностите и од разгледување на сите податоци и параметри што ги имаме – рече Адеми при денешната посета на Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади.

Тој посочи дека се на иста стрсна со СОНК со цел да се подобри општествениот и материјалниот статус на сите врботени во образованието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...