Австралија повторно станува ветена земја за жителите на Балканот, посебно за оние кои во своите раце имаат инженерска или диплома од областа на медицината, бидејќи врз основа на списокот објавен на австралискиот сајт за визи, токму за овие дефицитарни професии за кои се бараат работници, работодавачите се подготвени да платат дури 10.000 евра.
Покрај земјите на средна Европа, кои се најчести дестинации во кои граѓаните одат да побараат егзистенција, Австралија се врати на мапата и стана земја привлечна за Балканците, бидејќи поради забрзаниот развој на економијата оваа земја очајно бара нови работници.
Заминувањето на овој далечен континент најмногу би можел да им се исплати на лекарите, стоматолозите и инженерите, бидејќи кандидатите со ваква стручна подготовка ѝ се најпотребни на Австралија, а платите им се движат од 10.000 евра, колку што примаат лекарите и стоматолозите, односно 8.000 евра месечно колку што заработуваат инженерите.