Пламени јазици голтаат куќи во Австралија, состојбата критична

311
ФОТО: EPA / REGI VARGHESE

Австралиските пожарникари се борат со силниот ветер кој придонесува за брзо ширење на огнената стихија, со цел да ги стават под контрола пожарите кои го зафатија источниот брег на Австралија.

Повеќе од 100 пожари се активни во Квинсленд и Нов ЈУжен Велс, а метеоролозите велат пожарикарите да не сметаат на помош од природата, со оглед на тоа дека сушата остави исушени растенија кои брзо горат.

Премиерката на Квинсленд Анастасија Палашжук изјави дека има 51 активен пожар во таа област, во кои се уништени 17 куќи, дополнувајќи дека опасноста од нови пожари е многу висока.

– Сè уште не сме се извлекле, сè уште сè е многу суво – изјави таа денеска.

Во најнаселената австралиска сојузна држава Нов ЈУжен Велс тревата и нискостеблестите растенија горат на повеќе од 65 места, а особено опасни се три пожари.

– Повеќе од 500 пожарникари кои продолжуваат да ги заштитуваат домовите, работат во исклучително тешки услови – наведе противпожарната служба.

ФОТО: EPA / REGI VARGHESE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...