Полицаец од Пожега е лесно повреден во полициска станица, откако пијан тинејџер го гризнал за ногата, пренесува „Курир.рс“.
До ова дошло вчера, откако колегите на повредениот го привеле 19-годишникот, кој легнал на подот.
По гризнувањето, полицаецот морал да побара медицинска помош.
Неофицијално, тинејџерот пред да биде приведен, направил инцидент на една роденденска прослава.