Пијан Германец го однесе во смрт Шаулиќ

2042

Триесет и четиригодишниот возач на автомобилот кој предизвика несреќа во која загина српскиот пејач Шабан Шаулиќ има лесни повреди на рамената, пишуваат германските медиуми. Во автомобилот со Шаулиќ биле неговите пријатели, кои се тешко повредени.

Како што пишуваат тамошните медиуми, човекот кој бил под дејство на алкохол и без возачка дозвола, удрил во совозачката страна во „сеатот“ во кој била Шабан Шаулиќ. Српскиот пејач загинал, а возачот на неговиот автомобил, музичарот Мирсад Ќериќ е тешко повреден и лекарите се борат за неговиот живот.

Во атомобилот со Шаулиќ бил и неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ исто така има тешки повреди, но неговата здравствена состојба е стабилна.

Сообраќајката се случила при голема брзина и дошло до судир меѓу „мазда“ и „сеат“ во кој бил Шабан, што предизвикало излетување од патот и удирање во банкина.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...