Пијано маратон на Дуња Иванов на Плоштад Македонија

263

На Плоштад Македонија во понеделник во 12 часот пијанистката Дуња Иванова ќе приреди неколку часовен перформанс. Во нестандардна форма, како концерт насловен „Наминување“, ќе прозвучат делата на истакнати современи автори како Глас, Сакамото, Најман, Перт, Еинауди, Прајснер, Ливингстон, Бернштајн, Еванс, како и Битлси, Коен. Настанот на Иванова е дел од поддржаните проекти на годинешниот конкурс од областа на културата на Град Скопје.

Ваквата форма на прем на современиот звук за пијано е со единствена намера квалитетната музика да ги пресретне слушателите кога тие се всушност неподготвени за неа. Наспроти конвенционалниот начин на следење на солистички концерти за пијано кои претпоставуваат посебна подготовка, планирање, концертна сала, програма и слично, овој настан ги пречекува слушателите за време на паузата за ручек или додека траат работните обврски, после или пред училиште, на патот до чевларницата или пазарот, во секојдневната брканица. В понеделник скопјани и сите намерни или случајни гости на Скопје, кои патот ќе ги поведе накај Плоштадот ќе имаат околу 180 минути можност да се сретнат со вистински добра музика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...