Музиката на македонските класични творци Аврамовски, Зографски, Коларовски и Андреевска ќе прозвучi во театарот Марчело Рим Италија во изведба на нашата реномирана пијанистка Даница Стојанова.
М-р Даница Стојанова е професор во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ по клавир и камерна музика со богата ризница на успеси со своите ученици кои се денес на меѓународната сцена, автор е на книгата „Фредерик Шопен – поетот на музиката”, држи мастер класи и стручни предавања на фестивали во Македонија и надвор. Има настапувано како солист на меѓународната и светската сцена во Бугарија, Германија, Франција, Чешка, Италија, Холандија, Малезија, САД – Њујорк и како солист со Македонската и Видинската Филхармонија.
– Ова е мој втор настап во Рим, овојпат со целовечерен рецитал, каде освен челичните дела од Бах и Рахмањинов, ќе прозвучат и дела од македонското класично музичко творештво кои што ги исполнувам со посебна жар,врадост и љубов. Посебно се радувам што ќе настапам под ведро небо во античкиот театар Марчело – вели Стојанова.
Даница Стојанова своите студии ги завршува во класата на проф. Јокут Михаиловиќ (Србија, Русија), а се надоградува на студииските престои со светските педагози Љ. Рошчина – Русија, Жени Захариева- Бугарија, Жак Рувие- Франција и др.
Концертот е во организација на агенцијата Ил Темпието од Италија, а подржан од Министерството за култура на република Македонија.