Брусницата преставува моќен антиоксидант, освен тоа овој плод е извор на витамин Ц, минерали, органски киселини, шеќер, билни влакна. Хипуричната киселина која се наоѓа во брусницата е еден од најдобрите природни антибиотици.
Состојки:
2 литра вода од брусница
половина лажица мелен цимет
1/4 лажица ситно рендан ѓумбир
1/4 лажица морски оревчиња
половина шолја свежо цеден сок од портокал
1/4 шолја свежо цеден сок од лимон
Подготовка:
Водата од брусница ставете ја да проврие, и на намалена температура додадете ги зачините. Гответе на тивок оган уште 15 минути по додавањето на зачините. Потоа оставете ја течноста да се олади на собна температура. На изладената течност додадете ѝ ги соковите од портокал и лимон и ставете ја во фрижидер да се лади.
Дополнителен совет: За детоксикацијата да има вистински ефект неопходно е да го промените вашиот режим на исхрана и тоа само на седум дена. Јадете што повеќе овошје и зеленчук, пијте што повеќе вода и така ќе ги прочистите цревата. Осмиот ден се препорачува пост кој подразбира консумирање само вода и пијалак за детоксикација. Потоа постепено вратете се на вообичаената исхрана.