Новозеландскиот режисер Питер Џексон добил понуда од Амазон да сними серијал за „Господарот на прстените“.
Режисерот кој во шест продолженија ги донесе хероите на Толкин на големиот екран, сепак имал и друга понуда, од продуцентските куќи Ворнер Брос и ДЦ филм, за таинствен проект кој се уште се крие од јавноста.
Џексон моментно работи како продуцент на акциската авантура „Смртоносни машини“ и на се уште неименуван документарец за Втората светска војна.
ФОТО: твитер