Писмо од Фројд на аукција, почетна цена – 6.000 долари

34

Новооткриено рачно напишано писмо од Зигмунд Фројд, ќе биде ставено на аукција во Ерусалим, на 3 декември. Почетната цена е 6.000 долари.

Писмото на историски познатиот невролог, датира од 21 јуни 1938 година. Напишано е на германски јазик и ја покажува малку познатата сентиментална страна на „таткото на современата психоанализа“. Записот настанал неколку недели откако Фројд побегнал од нацистите од родната Австрија во Лондон.

Писмото е до филантропката Маргарет Стоунбороу-Витгенстин, пациентка на Фројд, и негова сонародничка. Фројд во него ѝ изразува сочувство поради самоубиство на поранешниот нејзин сопруг, а и ја прашува што се случува во Виена под нацистичка власт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...