Писмо од Алберт Ајнштајн во кое се обработува „Теоријата на сè“ и нејзиното докажување, ќе биде ставена на аукција следниот месец во Ерусалим.
Наддавањето, закажано за 3 декември, ќе го организира аукциската куќа „Кедем“. Почетната цена на овој историски запис е 20.000 американски долари.
Во писмото испратено до математичарот Ернст Габор Штрос во јуни 1950 година, Ајнштајн одговара на неговите критики за неговата работа. Писмениот документ дава увид во тековната работа на двајцата научници тоа време. Штрос бил соработник на Ајнштајн меѓу 1944 и 1948 година. Имаат три заеднички научни труда.
– Ова е запис со исклучителна историска вредност – изјави Мерон Ерен, сопственичка на аукциската куќа.
Писмо на Ајнштајн од 1954 година, каде што нобеловецот ги споделува своите ставови за Бог и религијата, во 2018 година беше продадено на аукција во Њујорк за речиси три милиони долари.