Писмо бомба денеска експлодира во канцеларија на ИНГ банката во Амстердам, но никој не е повреден, соопшти портпаролката на банката.
Таа прецизира дека имало мала експлозија.
Полицијата соопшти дека на лице место дошло амбулантно возило затоа што едно лице вдишало чад.
Оваа недела, повеќе писма бомби беа испратени на различни адреси во земјата.
Вчера експлодираа две писма бомби во пошти во Амстердам и Керкрад, а полицијата соопшти дека мотивот е изнуда.