Пирс Броснан откри дека планира негова изложба да биде отворена подоцна оваа година.
Шеесет и пет годишниот актер почнал да слика и смета дека вреди да имаш такво хоби.
Сега тој размислува да претстави јавно поголемиот дел од своите дела.
– Ми се допаѓа да се одредувам како уметник кој вешто ракува со боите, иако сум ниско во хиерархиска скала на оние кои знаат што да прават со нив. Сакам да правам обиди да создадам нешто што е убаво и е радост за окото. Уметноста е многу важна во мојот живот. Се надевам дека ќе биде организирана моја изложба на крајот на оваа или почетокот на следната година – изјави Броснан