Пинк се скара со обожавателите поради фотографијата од голиот син ФОТО

Фотографијата предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, на кои многумина ја нападнаа пејачката.

570

Пејачката Пинк (39) неретко гордо објавува фотографии од своите деца на Инстаграм. Авторката на многубројните хитови со сопругот Кери Харт (43) имаат прекрасен двогодишен син и седмогодишна ќерка. Неодамна објавила (сега отстранета) фотографија на својот син Џејмсoн Мун покрај базенот.

Фотографијата предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, на кои многумина ја нападнаа пејачката, бидејќи малиот Џејмсон немал ниту пелена, ниту костим за капење. Пинк жестоко одговорила на коментарите, под фотографијата на која покрај децата позира и пеликан.

„Нешто загрижувачки лошо е со вас. Да зборувате за половиот орган на моето дете. Обрежување? Дали сте сериозни? Како секоја нормална мајка на плажата, не ни забележав дека сум ја соблекла пелената за пливање на син ми. Ја избришав фотографијата, бидејќи сте одвратни. И сега ги исклучувам коментарите и не ми е грижа веќе за негативноста која ја внесувате во туѓите жуивоти. Нешто навистина погрешно е со вас.“

Пинк потоа повторно ја објавила фотографијата, но го исчкртала „спорното“ место.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...