Пилотот на прекуокеанскиот лет од Њу Џерси до Глазгов заспал во бизнис-класата. Додека патниците биле во шок од инцидентот, вработени во авијацијата рекле дека тоа е нормално. Само еден час по полетувањето, пилотот уредно ја соблекол својата униформа, вечерал и заспал. Тоа го видел пензиониран полицаец, кој повикал неколку патници да сведочат на тој настан.
Откако отспал еден и пол час, пилотот се разбудил и им тропнал на вратата на екипажот за да му отворат да влезе во кабината.
– Не верувам дека пилотот на летот со неколку стотина луѓе би можел да си дозволи вакво однесување – рекол некој патник, кој прв го видел.
Целосен пресврт на приказната настанал кога таа стасала во медиумите, па се огласила и Федералната управа за авијација во Велика Британија, која соопштила дека тоа нѐ само што е нормално туку е ѝ утврдено со закон.
– Пилотот е обврзан да се одмори ако летот надминува 8 часа. Додека постои предвидено место за тоа во повеќето авиони, во помалите прекуокеански, како што е „боинг 757“, постои седиште во бизнис-класата кое е резервирано за секој пилот да може да се одмори. Ништо во оваа ситуација не е необично или незаконско – рекле од Управата.
Авио компанијата „Јунајтед“ соопштила дека екипажот, наместо двајца, го сочинувале тројца поради што било невозможно во исто време во кабината да бидат и тројцата.