Пилотите за магијата на својата работа: Летањето е слобода

79

Магијата на летање го фасцинираше светот пред повеќе од еден век, а за поединци таа претставува неодолива страст и потреба, нешто како опсесија, пишува Си-Ен-Ен.

Пилотите ги образложија сите предности на работата со која се занимаваат, а меѓу нив предначат чувството на слобода, поглед од височина, животен стил, брзина на патување, интересни сопатници и немонотона работа.

Мелани Астлес, француски првак во една од дисциплините на летање и прва жена која победи на воздушните трки на Редбул вели дека уште од седмата година е вљубена во авионите.

– Најдобро е чувството на слобода кое го пружа летањето, кога ќе се стопите со авионот во едно, оставајќи ги сите проблеми на тлото и гледајќи пред себе. Навистина го гледате светот во друго светло. Често се вели дека тоа е најдобрата канцеларија во светот, вели Астлес.

Кен Хок, вработен во УПС Ерлајнс, вели дека е зависник од авиони од својот прв лет во 1972 година.

– На секој пилот летањето му е една од најдрагите работи. Кревањето на машината во воздух без оглед на тоа дали станува збор за балон хеликоптер или нешто друго тоа е едноставно „кул“, изјави Хок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...