Пилешкото, црвеното месо и печурките не треба да се мијат

Иако ви изгледа логично дека пред готвење би требало да се измие со вода секоја намирница, кај некои намирници тоа носи повеќе штета отколку корист.

978

Ако досега секогаш сте го миеле пилешкото месо пред готвење, време е да престанете. Стручњаците велат дека со миењето на пилешкото не го решавате проблемот на бактериите и причинителите на болест, туку само ги проширувате на рацете и на кујнската крпа.

Со миењето на сировото пилешко веројатно ќе ги раширите бактериите по цел кујна, вклучувајќи ги чистите површини како што се просторот а работа икујнските крпи“, наведуваат стручњаците.

Единствен делотворен начин за да ги уништите бактериите е готвењето, а ова правило важи и за рибата и за црвеното месо. Стручњаците советуваат месото евентуално да го избришете со хартиени салфети за да се ослободите од вишокот на влага, но секако и после тоа задолжително дезинфицирајте го садоперот и работната површина.

Освен тоа, немојте да ги миете ниту печурките, затоа што тие во подолг контакт со водата можатда се менуваат во смисол на вкусот и конзистенцијата. Подобро е да се избришат со хартиени салфети за да не ја загубат еластичноста и да не бидат воденести.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...