Фронтменот на култниот британски бенд „Продиџи“ беше пронајден мртов во неговата куќа од 1.5 милион фунти во Есекс која ја делеше со неговата сопруга, јапонскиот модел и диџеј Maјуми Каи.
Според „ The Sun“, анонимен извор тврдел дека пејачот е во депресија по разделбата од неговата сопруга.
Кит претходно признал дека се соочувал со депресија и со зависности од дрога и алкохол, но дека неговата сопруга „го спасила“.
По разделбата од сопругата, Кит го ставил на продажба својот сакан дом кој претходно го нарекувал негово и „светилиште“ на Мајуми.
Минатиот петок агентите за недвижнини објавиле детали за имотот, но огласот бил симнат по смртта на ѕвездата.
Изворите, исто така, тврделе дека Кит се обидувал да го продаде и локалниот паб што го водел, под притисок на демонстрантите против лов.
Пријателите се загрижиле за неговата состојба вчера наутро и повикале 999.
Брзата помош била испратена на местото на настанот, но болничарите не можеле да го оживеат 49-годишниот пејач.
Само 48 часа пред неговата смрт, Кит, наводно, бил во добра физичка и душевна состојба и учествувал на трката во Chelmsford Central Parkrun. Според колегата-тркач и новинар Роб Хадграфт, бил со добар дух.
Фото: The Sun