Самите маслинки содржат бројни активни фитонутриенти, како полифеноли и флавоноиди, кои исто така имаат противвоспалителни својства. Со нивното дејство се намалуваат симптомите на астма, артритис и реума,три заболувања за чие настанување најголеми виновници се слободните радикали. Кога маслото од овојплод неби требало да се користи?
Ако не сте сигурни дека е квалитетно
Пред да го употребите маслиново масло за готвење или како средствозанега на кожата, важно е да бидете сигурни дека навистина станува збор за екстра девствено масло. Некои истражувања тврдат дек дури 80 отсто од италијанските маслиново масла се „загадени“ со некои други масла. Можеби го правеле од помалку квалитетни маслинки, во него додале масло од минатата година или го помешале со некое растително масло за да добијат на количина.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey