Пет предности на успешното ко-родителство

Успешното договарање и делење на родителските обврски после развод, често нарекувано и ко-родителство, е исклучително важно и вредно за трудот кој се вложува во него.

201

Една од последиците е децата подобро да се прилагодат кон разводот и двајцата родители да продолжат да имаат близок однос, полн со љубов, со своето дете. Затоа, мисла водилка во уредувањето на односите по разводот нека ви биде доброто на детето.

Позитивни страни

Разводот на бракот може да биде емоционално и психолошки разорен настан за децата и за нивните родители. Чести се чувствата на бес и предавство, можеби заради неверство или малтретирање, или некои посуптилни изневерувања на очекувањата за долга и стабилна животна врска. Покрај оваа бура на чувства може да се чини како невозможно да се комуницира и да се договараат родителските обврски со другиот родител.

Меѓутоа, успешното делење на родителските обврски после разводот е исклучително важно и вредно за трудот вложен во него. Една од последиците е децата подобро да се прилагодат кон разводот и двајцата родители да продолжат да имаат близок однос, полн со љубов, со своето дете. Според најновите истражувања, ова е случај дури и ако родителите се во многу лоши односи.

Повеќе за ована порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...