Министерството за здравство на Грција утрово соопшти дека се потврдени пет нови случаи на коронавирусот, четворица се блиски контакти на веќе потврдени случаи, еден е кај лице кое патувало во Лондон, а бројката на заразени со Ковид-19 во Грција се искачи на 89 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за коронавирусот, професорот Сотирис Циодрас соопштува дека е влошена состојбата на лицето кое изминатите денови е хоспитализирано на интензивна нега во болницата во грчкиот град Патра и се наоѓа во критична состојба.