Најмалку пет лица беа убиени и десетина ранети, при експлозија на бомба на фудбалски натпревар во Сомалија.
Нападот се случил вчера во градот Барава, во југозападниот дел на Сомалија. Сите жртви се гледачи, кои го следеле фудбалскиот натпревар.
Полицијата претпоставува дека зад нападот стои сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда.
Тоа е прв напад на стадион во Сомалија.
ФОТО: youtube