Пет лица загинаа кога мал патнички авион се урнал во руралниот дел на Аљаска. Сите лица кои биле во авионот погинале, јавија британските медиуми.
– Авионот се урнал под засега непознати околности, изјави портпаролот на американската Федерална авијација.
Несреќата се случила на 430 милји од Енкориџ, а авионот летал од Бетел до Кипник, на брегот на Берингово море.