Пет комбинации на храна кои не се добри за вашето здравје, меѓу нив се млекото и бананата

За таа цел, сајтот „BrightSide“ издвојува пет комбинации на намирници кои треба да се избегнуваат.

779

Постојат некои комбинации во исхраната кои ги обожаваме и постојано ги практикуваме, но не сме свесни дека тие лошо влијаат врз нашиот систем за варење.

За таа цел, сајтот „BrightSide“ издвојува пет комбинации на намирници кои треба да се избегнуваат.

Сендвич и кафе
Кога јадете сендвич со кашкавал или сирење и пиете кафе, едноставните јаглехидрати во лебот спречуваат правилно варење на калциумот. Ако на тоа додадете и инстант кафе, тоа нема да му донесе ништо добро на вашиот организам.

Домат и краставица
Ова е многу популарна и вообичаена комбинација за летна салата. Но, последните истражувања покажуваат дека комбинацијата на домат и краставица може да го наруши биохемискиот баланс во нашето тело, а витамините кои ги содржат овие два зеленчука нема правилно да се сварат.

Компир и месо
Нутриционистите постојано зборуваат за опасноста од оваа комбинација на храна. Јаглехидратите го забавуваат лачењето на желудочен сок кој е неопходен за варење, а тоа може да доведе до зголемено производство на токсини и гасови.

Пиво и кикирики
Ова е една од најпопуларните намирници, посебно додека гледате фудбалски натпревар. Оваа премногу солена намирница доведува до дехидратација и ја зголемува можност да испиете уште едно пиво.

Млеко и банана
Следбениците на здравата храна честопати прават шејк од банана и млеко. Сепак, некои нутриционисти сметаат дека овошјето, посебно она кое е слатко, треба да се консумира одвоено од другите производи. Доколку се консумираат заедно, тие остануваат подолго време во телото и го забавуваат дигестивниот систем. Истото важи и за млекото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...