Пет жртви при судири во Јемен

25

Најмалку пет лица загинаа, а 91 се повредени во судирите помеѓу припадниците на локалните милиции и исламистичките борци во Таез, третиот по големина град во Јемен.

Невладината организација Лекари без граници на Твитер објави дека судирите во Таез почнале на 19 април.

Во Јемен со години трае граѓанската војна помеѓу бунтовниците Хути и меѓународно признаената Влада на претседателот Абд Рабо Мансур Хади.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници од 2015 година интервенираат на страната на Хади, додека Хутите имаат поддршка од Иран.

Јемен е една од најсиромашните арапски држави, која се сочува со најголема  хуманитарна криза предизвикана од војната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...