Аргентински суд го осуди поранешниот претседател на таа земја Амадо Боудоу на казна затвор од пет години и десет месеци поради корупција и малверзации.
Тој беше и министер за економија во време на администрацијата на претседателката Кристинa Фернандез од 2007 до 2015 година.
Боудоу е обвинет дека користел компании како параван и тајни посредници со цел да се стекне со контрола во фирмата, која добивала договори за печатење на аргентинската валута, како и материјал за изборната кампања на претседателката Фернандез.