„Петрунија“ и „Џган“ вечер и утре ќе се гледаат на Школка во Градски парк

562

Во рамки на првиот летен фестивал „Summerland“ кој се одржува под покровителство на Град Скопје, вечер и утревечер на Школка во Градски парк ќе бидат прикажани два македонски филма.

Од 21 часот вечер е новиот филм на Теона Стругар-Митевска – „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, а утре од 21.30 часот ќе биде прикажан првиот долгометражен филм на Вардан Тозија – „Џган“. Проекциите на отворено се бесплатни и ги организираат Младинскиот културен центар и кино „Милениум“.

Минатата година во јуни скопјани имаа можност на отворено да ги видат  „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески и документарецот „Avec l’amour“ на Илија Цветковски, а во септември беа прикажани и „Ирационален човек“ на Вуди Ален  и „Големата убавина“ на Паоло Сорентино.

-Бесплатните филмски проекции привлекоа стотици посетители во Градскиот парк и ја збогатија летната културна понуда. Град Скопје, МКЦ и кино „Милениум“ и овојпат ветуваат забавни вечери на отворено, со добри филмови. Во паркот се наместени меки фотелји, а посетителите може да си понесат и камперски столчиња, ќебиња, храна и пијалаци, соопшти Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...