Петрески и Гацов: Ангажирани сме за експертизи не како членови на кабинет

И двајцата експерти велат дека не се дел од кабинетот туку дека се ангажирани за експертици.

533

Павле Гацов, даночен експерт и професорот Марјан Петрески на своите Фејсбук профили го појаснија ангажманот во Министерството за финансии, откако беше објавено дека се дел од кабинетот на министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Не сум бил дел од кабинет на ниту еден министер досега, па ниту сега сум дел од кабинет. Да ги разјасниме нештата. Ангажманот е експертски со точно определен делокруг на експертиза (независна анализа на ефектите од применетите политики од фискалната сфера…)“, напиша Гацов.

Со слична содржина е и постот на Петрески.

„Јас не сум бил дел од кабинет на ниту еден министер досега, па не сум ниту сега. Ангажманот е надворешно-експертски со точно определен делокруг на експертиза (независна анализа на ефектите од политиките од фискалната сфера) со времетраење до 31.12.2019. Го прифатив бидејќи почитувам кога се цени домашна експертиза, но замолувам за адекватно известување. И, секако, го задржувам правото да продолжам да ги коментирам состојбите во економијата и економските политики на независен и објективен начин“, пишува Петрески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...