Петок да се работи четири часа, идеја на ДУИ

7273

Петок да се работи со половина работно време односно најмногу до 13 часот за вработените да имаат време повеќе да се посветат на семејствата. Ова, како што за Плусинфо брифира висок функционер на ДУИ е дел од резолуцијата број 3 –  квалитет на живот, која денеска ја изгласа Централното претседателство и која по Конгресот ќе стане дел од изборната програма на интегративците за изборите на 12 април догодина.

Според функционерот, ДУИ ќе предложи аванградна програма во која предлага политики за обезбедување на услови за квалитетен живот на граѓаните.

Еден од предлозите е скратување на работното време за половина и тоа во петок. Со тоа граѓаните ќе имаат повеќе време за семејството, за социјализација и за себе. Со тоа се намалува стресот, поволно ќе влијае на општото и менталното здравје на граѓаните и тие ќе бидат посреќни но и попродуктивни на работното место – вели функционерот на ДУИ.

Тенденцијата е, велат од партијата, да се зголеми животниот век на граѓаните како тој во скандинавските земји.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...