Петмина починаа од листериоза во британска болница

По ширењето на епидемијата на листериоза во неколку британски болници, Владата во Лондон нареди контрола на болничката храна.

196

Пет лица починаа во болници во Велика Британија како последица на листериоза, болест што ја предизвикува бактеријата листерија, за која се претпоставува дека се проширила преку болничката храна.

По ширењето на епидемијата на листериоза во неколку британски болници, Владата во Лондон нареди контрола на болничката храна.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека ќе преземе „радикално нов пристап“ во дистрибуцијата на храната што им се дава на пациентите во болниците.

Властите сметаат дека бактеријата листерија се наоѓала во салатите и сендвичите дистрибуирани од компанијата „Гуд Фуд Чеин“, која снабдува со храна десеттина болници во Велика Британија. Покрај во „Гуд Фуд Чеин“, дополнителни контроли се наложени и во добавувачите со месо на компанијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...