Петиција: 70.000 луѓе досега бараат Киану Ривс да се прогласи за личност за 2019

Целта е да се соберат 150.000 потписи, а иницијативата е покрената поради вестите на социјалните мрежи за скромноста и дарежливоста на актерот.

323

„Киану е најдобарата личност што постои, прогласете го за личност на годината. Киану тајно донира милиони за детските болници и во други хуманитарни здруженија, направил неверојатни работи за луѓето и не бара ништо за возврат“, се наведува на интернет страницата change.org, каде се собираат потписите за петицијата.

Целта е да се соберат 150.000 потписи, а иницијативата е покрената поради вестите на социјалните мрежи за скромноста и дарежливоста на актерот.

Меѓу бизарните приказни за Киану, има и таква дека купил сладолед само за да добие сметка, на која би му дал автограм на 16-годишен тинејџер.

Дури неодамна Киану откри дека е омилен лик на интернет, каде има видеоигри со него, а тој на прашањето на новинарката на магазинот „Пипл“ за славата на интернет, реагирал изненадено и засрамено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...