Петер: Враќањето на рамниот данок храбар чекор на владата

273

Храбар чекор од страна на владата, вака Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ја оценува одлуката за враќањето на рамниот данок и одложувањето на прогресивното оданочување за три години.

– При деловното работење, сосема е нормално да се испробаат одредени мерки и да се повлечат доколку не се доволно успешни. Враќањето на системот на рамен данок, според Советот, претставува храбар чекор од страна на владата. Тоа не значи нужно напуштање на општествениот стремеж, туку чекор напред кон развој на здрава економија што претставува ‘рбет на секое општество, пишува во писмената изјава на претседателот на Советот, Штефан Петер.

Во глобален контекст, каде што земјите се натпреваруваат за подобра инвестициска средина, клучно е, дополнува Петер, да не се создаваат економски пречки.

– Веруваме дека приливот што недостига од прогресивниот данок, лесно може да се надомести од зголемените приходи од данокот на добивка по основ на директните странски инвестиции, наведува претседателот на Советот на странски инвеститори

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...